среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Македонецот кој ја освои балканската публика ја напушти Америка: Македонија ми е во срцето!

Македонецот кој ја освои балканската публика ја напушти Америка: Македонија ми е во срцето!

Во саботата се емитуваше уште една епизода од вториот круг на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а во неа доминираше нашиот фантастичен пејач Гоце Бошкоски – Чоки.

Бошковски под менторство на Вики Миљковиќ во вториот круг ги отпеа песните „Странац у ночи“ од Масимо Савиќ и „Прстен и златни ланац“ од Хари Мата Хари, а со нив успеа да ги освои сите 6 гласа од строгото стручно жири и директно да се пласира во третиот круг.

Карлеуша речиси во сите епизоди од ова шоу држи лекции за шоубизнис и за тоа како еден уметник треба да изгледа на сцената, па веднаш прокоментира дека нашиот Гоце изгледа одлично, го пофали за намалувањето на килограмите, но и за комплетниот стајлинг:

-Си станал фраер, многу си ослабел и добро ти стојат очилата. Покрај добро пеење, мораш и добро да изгледаш, му кажа Карлеуша и му препорача да продолжи да работи на себе.

Како потсетување, Гоце Бошкоски – Чоки настапува ширум нашата земја уште од 2004 година, има снимено 10 студиски песни и досега има настапувано на реномираните фестивали Канео фест (2003), Макфест (2003), Еврофест (2007), Охридски трубадури – Охрид фест (2008, 2018 и 2019), но и на интернационалниот Еуро Поп фестивал во Зеница, Босна и Хецеговина (2008) каде што ја освојува наградата за најдобра интерпретација.

Во 2011 добива зелена карта и заминува во Америка, но после 4 години одлучува да и се врати на Македонија и да продолжи да ја гради својата кариера. Лани исто така беше дел од „Ѕвездите на Гранд“, негов ментор беше Ѓорѓе Давид и заедно стигнаа до петтиот круг.

Бошковски е женет, со сопругата Оливера имаат две дечиња Илија (4) и Илина (1).

Најнови вести