Актерката Нина Деан, за неколку месеци ќе стане мајка, а приновата заедно со Мартин ја очекуваат напролет, пренесува 7дена.мк.
-Пресреќна сум. Никогаш не ми било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја филозофија. Среќата не одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото,- вели Нина.
На оваа убава вест, многу се радува и мајка и на Нина, Гордана Деан како и нејзиниот сопруг, актерот Кирил Поп Христов – Кили.
View this post on Instagram
————————————- ? Finding the new✨! #zvezdabroj1 #sugarboxstore ————————————-
Инаку, втората ќерка на Гордана, Јоана која живее во Еквадор летово стана мајка.