четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Македонската „Гранд ѕвезда“ повторно е бремена (ФОТО)

Македонската „Гранд ѕвезда“ повторно е бремена (ФОТО)

Македонскo- српската музичко- брачна двојка, Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ кои се запознаа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ објавија радосна вест. Имено Елена и Гуте по втор пат ќе станат родители.

Неодамна, поточно на оној специфичен датум со многу двојки – 22.02.2022-ра, Елена и Гуте славеа годишнина од бракот.

Неполни 10-ина дена потоа, македонската „Гранд ѕвезда“ обзнани дека повторно е бремена!

„Отсекогаш сонував за големо семејство, скромен дом исполнет со многу љубов. Затоа сум благодарна за овој подарок! Ќе станеме родители по втор пат, а Максо ќе добие братче или сестричка. Бебе, едвај те чекаме. Те сакаат мама, тато и бато“, напиша на својот Инстаграм пресреќната пејачка, сликана во прегратките на својот сопруг, држејќи го во рацете резултатот од ехо прегледот која ја потврдува нејзината бременост.

Инаку, Гуте и Елена се запознаа при нивното учество во „Ѕвездите на Гранд“ кога беа под менторство на Ана Бекута. Најпрвин биле само добри пријатели, за подоцна од оа пријателство да се изроди поинаква блискост, која ќе ги изнедри првите љубовни искри, потоа и љубовната врска.

По неколкумесечна врска, Елена и Гуте се верија, а подоцна и венчаа, а на 22.02.2020 направија свадбена прослава во едн познат хотел во Скопје во присуство на своите најбллиски, роднините и другарите, пријателите и дел од колегите.

Шест месеци подоцна, поточно во јуни 2020, Елена и Гуте за првпат станаа родители односно го добија синот Максим, кој наскоро ќе добие братче или сестричка.

Најнови вести