Скопјанката Елеонора Миљковиќ или само Нора, важи за најатрактивните ријалити ѕвези кои досега се појавија, а дефинитивно е најатрактивната учесничка во едно реално шоу коаја доаѓа од Македонија. Атрактивна, сексапилна, привлечна, пожелна, заводлива, стројна и бујна… Со еден збор, раскошна убавица која неодоливо зарачи со привлечност.
Заводлив поглед, бујни атрибути, скриена доза на ароганција и фатална привлечност на која тешко кој може да и одолее… Секако, доколку Нора ви дозволи да и пријде поблизу отколку што таа посакува.
За да изгледа беспрекорно без маана, телесната фигурата ја ваја во теретана. А, кога Нора вежба цела теретана се поти заедно со неа… Таа од кренатата тежина, тие околу неа од раскошниот поглед на нејзината убавина.
Секако, после потење следува водена релаксација и опуштање во спато и базенот, за убав и пријатен остаток на денот.
Но она што е дар од Бога постојано треба да се негува, а Нора тоа добро го знае, па совршениот изглед не само што беспрекорно се труди да го одржува, туку и го надополнува и надградува. Мајката природа дарила, естетската хирургија надоградила, па кај сексапилна скопјанка сите пропорции мора да се по идеална мерка и совршен изглед уште на прв поглед. Затоа неодамна атрактивната Нора своите гради им ги препушти на вештите раце на естетските хирурзи, кои ги доведоа до за неа, посакуваното совршенство.
Па, откако реши да ги коригира и надгради, сега Елеонора Миљковиќ има совршени гради! Но за комплетно блаженство, цицлестата убавица, покрај бисерните заби, надградбата на косата, маникирот, педикирот… направи уште едно мало дополнение на својот изглед, овој пат на своите, ионака полни усни.
Иако Нора вели дека сака големи усни, тврди дека не и биле толку големи, колку што изгледаат на фотографиите.
Токму заради големите усни, малиот нос, естатските корекции, како и заради низа слични фотографии на социјалните мрежи многумина почнаа да ја споредуваат со српската ријалити старлета Ана Кораќ.
Некои од следбениците на социјалните мрежи дури и ја прашале зошто претерала со естетските корекции, по што бившата македонска ријалити ѕвезда ги забранила коментарите под своите фотографии.