Младата пејачка Валери Димовска која неодамна блесна во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, на својот Фејсбук профил сподели фотографија од 24-годишната Викторија Н. која синоќа го загуби животот во сообраќајката кај „Сити мол“.
Сликата веќе ја споделија и други на социјалните мрежи, а под истата стои опис: „Убиената девојка на пешачки кај Сити Мол.. Почивај во мир!“.
Викторија живеела во Радовиш со нејзините родители, а по потекло била од селото Дедино од општината Конче.