Ристе Митревски и Лана Јурчевиќ од петокот и официјално се во брак. Македонскиот фудбалер и хрватската пејачка, инаку ќерка на познатиот тренер Никола Јурчевиќ, прво се венчаа во црквата Свети Марко, а потоа имаа и свадбена веселба во еден познат ресторан во Загреб.
На свадбата имаше и гости од Скопје, некогашни соиграчи на Митревски од времето кога тој играше во Металург. Покрај другите тука беа Марко Симоновски и Оливер Пеев.
Според кажувањата свадбата била многу весела, Лана блескала во бајковита чипкаста венчаница, а младоженецот бил во елегантно одело.
Извор: Спорт медиа