Откако пред речиси четири месеци македонскиот Јутјубер Стефан Расковиќ Стефонатор (24) јавно кажа дека има тумор на тестисите, сега, во најновото видео откри дека ја победил болеста.
„Конечно заврши овој хорор“, вели Стефонатор низ солзи и откива што му се случувало изминатите месеци, додека бил на лекување и ги чекал последните резултати.
„Уште немам проговорено три збора, а ми идат солзи на очи. Стварно не знам, ќе пробам да зборам, па што биде нека биде. Ова е продолжение на видеото кое претпоставувам дека сите го знаете. Последно знаете дека снимањата после хемотерапијата покажаа дека постои нешто активно во мене и дека јас морам да правам втора операција.
Направив едно видео во кое кажав дека направив операција, јас закрепнав доста брзо, па се чекаше патолошкиот наод кој ќе покаже дали постојат било какви клетки кои укажуваат на тумор.
Овојпат се покажа дека не постојат такви клетки, чекав да направам уште едно финално испитување. Како најрелевантна снимка да ми покаже дали стварно можам да седнам и да го снимам ова видео. Имав резултати завчера што ми кажаа дека сум излечен. Знам дека треба во моментов многу да славам и се радувам. Ова се солзи радосници“, вели Стефан во видеото.
Целото видео погледнете го во продолжение.