понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Македонскиот пејач го покажа најголемото богатство кое го има: Сопруга славеше роденден, но вниманието го привлече неговата ќеркичка

Македонскиот пејач го покажа најголемото богатство кое го има: Сопруга славеше роденден, но вниманието го привлече неговата ќеркичка

Пејачот Маријан Стојаноски во јули претходната година стана татко на женско бебе и за првпат се резлизираа како родители со неговата сопруга Наташа Каранџулоска. Парот доби ќеркичка за која го одбраа името Вероника.

Maријан не е од оние кои често објавуваат фотографии на социјалните мрежи и не кажува јавно каде е и што прави во приватниот живот. Сепак, кога ја побара Наташа за сопруга и кога стана татко за првпат, овие радосни вести ги обзнани на својот „Фејсбук“.

Така деновиве, македонскиот пејач ја покажа и својата нежна страна. Имено, неговата сопруга славеше роденден, а тој и приреди мало изненадување.

По тој повод пејачот објави видео на кое и ја пее неговата песна „Роденден“ додека неговата сопруга игра со наследничката.

„Среќен роденден моја најмила“, напиша Стојаноски.

Тој исто така објави и неколку фотографии на кои тој и сопругата заедно со ќерката позираат, па покажа колку пораснала неговата наследничка.

Најнови вести