Јелена Гавриловиќ е една од најталентираните актерки која може да се пофали со исклучителни вокални способности. Екипата на емисијата „Премиера“ разговараше со Јелена која во последно време имаше неколку можности да пее пред публиката, а сега откри дека подеднакво ужива и во пеењето и во глумата.
-Добив покана, која никогаш не ја одбивам, да пеам во ревијалниот дел на Белградска пролет, тоа е мојот сон. Кога инаку имаш можност да испееш ваква композиција од такви композитори и навистина со такви фантастични пејачи како Душан Свилар, Ивана Владовиќ, Стефан Здравковиќ, рече Јелена.
А како некој што има повеќе таленти, Гавриловиќ се пошегува и откри каков однос има со овие две работи.
-Секогаш велам дека глумата ми е дечко, а музиката ми е љубовник, па малку со едниот, малку со другиот, како што повеќе ми одговара. Се шегувам, музиката ми е хоби и се додека тоа го правам со љубов, така ќе остане, изјави актерката.