Малкумина ја познаваат, а првата сопруга на Огњен Амиџиќ е успешна деловна жена, која некое време не се појавуваше во јавноста. Многумина беа изненадени кога ја видоа неодамна, како и оние кои за прв пат дознаа дека популарниот ТВ водител и „фламингос“ бил и претходно оженет, па разведен.
Иако Огњен денес е среќно оженет со манекенката и топ модел со македонско потекло Даниела Димитровски, некои се сеќаваат дека тој претходно беше во брак со Милица Марковиќ, тогаш успешен работник во информативна програма на „розовата телевизија“ – ТВ Пинк.
Првата сопруга на Амиџиќ уште додека беа во брак ја заинтригира јавноста, судејќи по тоа што не се појавуваше со водителот на јавни настани, бидејќи приватноста ја чуваше исклучиво за себе.
По разводот во 2010 година, се чинеше дека Милица целосно исчезна, а јавноста остана и понатаму љубопитна што се случува со неа и како таа сега изгледа?
Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа Милица Марковиќ и многумина забележаа како таа никогаш не изгледала подобро. Судејќи според фотографијата, неа годините не и можат ништо.