понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Малолетници ја тероризираат српската естрада: Лепа Брена преживеала агонија, на екс сопругата на Аца Лукас и барале пари

Малолетници ја тероризираат српската естрада: Лепа Брена преживеала агонија, на екс сопругата на Аца Лукас и барале пари

Социјалните мрежи ги преплавува нов вид криминал, а малолетници кои се во средношколските клупи свесно или не почнуваат да се занимаваат со сајбер криминал, јавуваат српските медиуми.

Бројни јавни личности од српската естрада останаа без своите профили на социјалната мрежа Инстаграм, поради група малолетници.

Овие млади лица секојдневно хакираат профил на некоја позната личност, а последниот случај во кој и беше „нападнат“ профилот на водителката Сања Маринковиќ резултираше со апсење наколку малолетници.

Како што јавуваат српските медиуми, првиот случај бил забележан пред неколку месеци кога бил хакнат профилот на Лепа Брена, при што било сменето името. Пејачката успеала да го врати својот профил по речиси две недели, а во јавноста не сакаше да се огласува во врска со овој случај.

Нејзината блиска пријателка Соња Вуксановиќ, поранешната сопруга на Аца Лукас, се најде на истиот удар. Сајбер криминалците за да и го вратат профилот барале огромен износ на пари.

-Тоа е сајбер криминал во кој се вклучени момци од Белград и околината. Прва година средно се. Ми влегоа во профилот и се променија, потоа почнаа да им се обраќаат на луѓето во мое име. Продолжија да ми бараат пари за да ми го вратат профилот назад, но ми помогнаа пријатели, вели Соња за српски „Блиц“

Случна непријатост доживеал и пејачот Слободан Радановиќ кој вели дека лицата лажно се претставуваат преку мејл.

-Влегуваат на профил и ги менуваат сите шифри. Се ми избришаа. Профилот буквално ми остана празен. Две недели немав профил, но среќа успеав да го вратам назад. Сето ова го прават некои деца, но треба родителите да гледаат што децата им прават додека се дома, објаснува Радановиќ.

Најлошо искуство со хакерите имале водителките Сања Маринковиќ и Ксенија Бујишиќ кои некогаш не успеале да ги повратат своите профили.

Најнови вести