вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мамо ако сака нека ме убие, јас ќе го пријавам во полиција: Претепаната српска кошаркарка со трогателна исповед (ФОТО)

Мамо ако сака нека ме убие, јас ќе го пријавам во полиција: Претепаната српска кошаркарка со трогателна исповед (ФОТО)

Јавноста овие денови се уште е во шок по веста дека српската пејачка Наташа Беквалац беше физички нападната од својот сопруг само месец дена откако се породи, а со оваа вест повторно се отвори темата околу насилството врз жените ширум Балканот.

Поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ која на јавноста и е позната исто така по претрпено физичко насилство од поранешното момче си ја отвори душата и проговори за тој немил настан.

-Да не се плашев и да не бев уценувана неколку пати би можела да го пријавам и порано. Жената знае да трпи, ние сме храбри, се додека не дојде до тој момент да веќе не може да трпиме. Во еден момент и се јавив на мајка ми и и реков „нека ме убие, јас ќе го пријавам во полиција“. Им се закануваше на сите од моето семејство не само на мене, вели Дабовиќ.

Таа вели и дека решила да му стави крај на насилството кога ден по нејзиниот роденден тој ја претепал нај веќе до тогаш.

-Целиот живот се борам со насилство, ме малтретирале на паркетот, ме малтретирале и тренери, а и дома, потенцираше Дабовиќ.

Најнови вести