Елен Деџенерис се отвори за најлошите моменти од нејзините тинејџерски години, кога била манипулирана и сексуално малтретирана од очувот, а нејзината мајка не ѝ верувала кога ѝ го кажала тоа.
Славната водителка гостуваше во шоуто „My Next Guest Needs No Introduction“ на Netflix со Дејвид Летерман и зборуваше за кариерата, но и личниот живот. 61-годишната комичарка го опиша својот очув како „многу лош човек“ и раскажа како тој ја малтретирал. Во периодот кога на нејзината мајка Бети ѝ бил дијагностициран рак на дојка и ѝ била отстранета едната дојка, тој ја злоупотребил ситуацијата.
„Кога мајка ми беше надвор од градот, тој ми кажа дека почувствувал грутка во нејзината града и за да не ја вознемири, дека треба да ги допре и моите гради. Ме убеди дека мора да ги опипа моите гради и го направи тоа и повторно и повторно“ – раскажала Елен.
„Лута си сум себеси, затоа што бев преслаба да се спротивставам, имав 15 или 16 години. Тоа е ужасна, ужасна сторија и единствената причина поради која навлегувам во детали е зашто сакам другите девојки никогаш не дозволат некој да им го направи тоа“ – продолжила таа.
Елен не ѝ кажала веднаш на мајка ѝ за да не ја згрижува, а кога собрала храброст да ѝ признае за малтретирањето, мајка ѝ не ѝ поверувала.
„Не требаше да ја штитам мајка ми. Требаше да се штитам себеси. Не ѝ кажував со години, а потоа таа не ми веруваше и остана со него уште 18 години. Конечно го напушти затоа што тој ја промени приказната многупати“ – појасни Деџенерис.
Елен, која сега негува добри односи со мајка си Бети, ги советува сите девојки и жени да не молчат и да не страдаат во тишина. „Кога гледам личности кои гласно признаваат, особено сега, се разлутувам кога на жртвите не им се верува, затоа што ние не измислуваме“ – призна таа.
Во интервјуто, Елен не откри колку време траело малтретирањето, но сподели дека во еден наврат таа морала да избега преку прозорец.
Очувот на Елен почина во 1997 година.