петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марија Шарапова му кажа ДА на пријателот на принцот Вилијам (ФОТО)

Марија Шарапова му кажа ДА на пријателот на принцот Вилијам (ФОТО)

Поранешната најдобра тенисерка на светот, Марија Шарапова, се сврши со бизнисменот Александер Гилкес.

Среќната двојка ја објави свршувачката на социјалните мрежи, и двајцата ја објавија убавата вест на своите профили на свој начин.

-Реков „да“ првиот ден кога се запознавме… Ова беше наша мала тајна, зарем не?, напишала руската тенисерка под низата заеднички фотографии.

Александер, инаку пријател и колега од факултетот на принцот Вилијам, напиша под фотографијата на Инстаграм.

„Ти благодарам што ме направи многу среќен маж. Се радувам на животот кој ќе го поминам во љубов со тебе и учејќи од тебе“, напишал милионерот.

Шарапова има 33 години и се повлече од тенисот во 2020 година. Гилкс има 41 година и е основач на Paddle8, аукциска компанија со седиште во Њујорк, која се занимава со уметнички дела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Најнови вести