среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марија Шерифовиќ ја прозва Цеца, а таа ѝ возврати: „Не сум нечија наследничка“

Марија Шерифовиќ ја прозва Цеца, а таа ѝ возврати: „Не сум нечија наследничка“

Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ само што започна, а новиот член на жирито Цеца Ражнатовиќ веќе предизвика хаос во музичкиот натпревар.

Прво се искара со Александар Милиќ Мили, потоа му возврати на Драган Стојковиќ Босанац, кој ја предизвикуваше, спомнувајќи ја ќерка му, а потоа на една госпоѓа од публиката ѝ ја подари чантата што пред две години ѝ ја вети претходниот член на жирито, Јелена Карлеуша.

Имено, Цеца на госпоѓа Новка ѝ подари црна чанта од крокодилска кожа, која таа ја загуби во минатите сезони.

Пред да ѝ го даде подарокот, Марија Шерифовиќ ја „боцна“ Цеца.

“Наследничката на столчето ќе го врачи подарокот“, истакна Шерифовиќ, алудирајќи на тоа дека Цеца седи на местото на Карлеуша.

“Јас не сум наследничка на столчето, јас сум личност за себе, јас дојдов на ова место, а не го наследив“, рече Цеца, а потоа, по исклучување на камерите, се слушна како зборува:

„Требаше да се смени членот на жирито за да се случи ова“, алудирајки на тоа дека доколку Карлеуша сеуште беше дел од жирото таа никогаш немаше да дојде.

Најнови вести