Фудбалерот Марко Верати и неговата сопруга Џесика Аиди станале сензација на плажа на Миконос.
Фудбалерот минатата година љубовта со убавата Џесика ја крунисал со венчавка на раскошна париска церемонија, а сега парот се наоѓа на летување на Миконос.
Џесика во оваа прилика покажала дека има одлична колекција на костими за капење кои одлично ѝ прилегаат на нејзиното затегнато тело.
Костимот во црна боја со метални конци, кој пред неколку години го носеше Кортни Кардашијан, очигледно е популарен и денес.
Додека Џесика уживала на плажата, Марко очајно се обидувал да го заштити нејзиното тело од погледи, одејќи постојано пред, а понекогаш и зад неа.
Сепак, тоа не му одело според планот, бидејќи немало човек на грчката плажа кој не го насочил погледот кон оваа убавица.
Инаку, Џесика и Марко на венчавката поканиле стотина најблиски луѓе, а наместо венчаница, невестата избрала чипкаст бел костум, кој ѝ прилегал одлично. Дизајнот бил на познатата модна куќа Dolce & Gabbana, додека цената на венчаницата изнесувала околу 4.000 евра.