Американската бизнисменка Марта Стјуарт во емисијата „Watch What Happens Live“ признала дека повторно е заљубена.
Иако на почеток се обидела да го негира фактот дека пронашла љубов во 80 година од животот, на крајот сепак признала.
-Во врска сум, но нема да ви кажам со кого, накусо прокоментирала Марта без да открие детали за партнерот.
Освен разговорот за мистериозниот маж, Марта се осврнала и на наводната врска во водителот Лари Кинг кој почина во јануари годинава.
-Отидовме на вечера во италијански ресторан во Њујорк како пријатели. Мислев дека ќе зборуваме за новинарството, но ми се чини дека тој малку се заљуби, вели Марта.