Социјалните мрежи се преплавени со емотивни статуси преку кои обожавателите, соработниците, колегите, пријателите се простуваат од легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ кој утринава ја загуби борбата во ракот кој му беше дијагностициран пред една година.
Потресена од смртта на Оливер, преку социјалните мрежи последно збогум испрати и пејачката Данијела Мартиновиќ.
-Колку да учиш и да се подготвуваш, ми се чини дека за некои животни епизоди никогаш нема да бидам подготвена. Се во мене се противи. Уште учам дека „тој“ момент едноставно доаѓа, но не за ЗБОГУМ, затоа велам: „Ти благодарам за се и догледање, Стари, до некоја нова средба, нова прилика“, пишува Мартиновиќ на социјалната мрежа Фејсбук.