четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мажите лудуваат по Меланија, а жените по нејзините чизми (ФОТО)

Мажите лудуваат по Меланија, а жените по нејзините чизми (ФОТО)

Првата дама на Америка и нејзиниот сопруг Доналд Трамп решија да ги поминат празниците далеку од Белата куќа.

Меланија Трамп му се придружи на нејзиниот сопруг, веќе поранешен американски претседател Доналд, на патување во Флорида. Имено, двојката во Флорида, поточно во Мар-а-Лаго, поседува луксузен имот на кој, според медиумите, планираат да се преселат кога ќе ги завршат своите јавни должности.

Двојката за празниците реши да се држи настрана од работата и Белата куќа, па затоа решија Божиќ да го поминат во својата омилена куќа. Ова е веќе семејна традиција, а познато е дека Меланија обожава да ги слави новогодишните празници што е можно подалеку од јавноста.

Тие се качија на приватен претседателски авион, а Меланија за патувањето одбра не толку едноставна и пријатна комбинација.

Имено, првата дама се појави во струкиран црн капут што го зачини со познатите сатенски чизми на висока потпетица со потпис од нејзиниот омилен дизајнер – Кристијан Лабутен.

Својот секси изглед го надополни со квадратни црни очила за сонце кои неодоливо потсетуваат на оние што ги носи најомилената прва дама на Америка – Џеки Кенеди.

 

Најнови вести