Една од најплатените супермодели во светот, Емили Ратајковски (30), во својата книга „Мое тело“, изнесе низа тврдења поврзани со снимањето на спотот за песната „Blurred Lines“.
Имено, Ратајковски откри дека за време на снимањето на спотот, пејачот Робин Тик (44) ја допрел за нејзините голи гради.
„Одеднаш, одеднаш, ги почувствував студените раце на странец на моите голи гради. Тој стоеше зад мене. Јас веднаш се оддалечив, а потоа го погледнав со чудење”, напишала Емили во книгата што треба да се објави следниот месец.
Ратајковски беше една од трите модели кои се појавија во спотот за песната со која овој музичар стекна светска слава. Песната е создадена како соработка помеѓу Робин Тик, Фарел Вилијамс и раперот по име ИТ.
Според „Њујорк пост“, таа на почетокот уживала во снимањето на видеото, а потоа Тик се напил и почнал да се однесува грубо.
„Се смееше за време на снимањето, не можеше да застане на нозе, во еден момент Дијана Мартел, режисерката на видеото, го праша дали е добро“, се вели во книгата.
Емили додаде дека се чувствувала понижена за време на снимањето во студиото во Лос Анџелес, и дека избегнувала контакт со очите со пејачот.
Мартел го потврди инцидентот и рече дека се сеќава на моментот кога пејачот ја фатил Ратајковски за градите.
„Тој застана зад неа и ги фати за градите со двете раце. Веднаш почнав да му викам бидејќи не знаев што прави. Јас тогаш реков дека снимањето заврши”, објасни таа, додавајќи дека Тик бил пијан и подоцна и се извинил за својата постапка.
Дијана Мартел верува дека музичарот никогаш не би постапил така доколку бил трезен.
Да се потсетиме, ова не е првпат песната да предизвика контроверзии. Семејството на Марвин Геј ги тужеше Тик и Фарел, велејќи дека „Blurred Lines“ е плагијат на хитот на Марвин Геј, „Got To Give It Up“ од 1977 година.
На крајот, Фарел и Тик мораа да му платат на семејството отштета од 7,3 милиони долари.