Пејачката откри зошто изгубила многу тезги во животот, но го допре и моментот кога Зоран Шијан ја остави за друга жена.
Во голема полициска акција во Белград неодамна беа приведени 29 лица осомничени за поврзаност со елитна проституција и оттогаш ова е главна тема во медиуми во Србија.
Во оваа прилика се огласија многу познати личности, а сега Гоца Божиновска изјави дека секогаш знаела која од нејзините колешки го прави тоа.
– Секогаш ова беше присутно, јас и моите колеги знаевме што се случува и кој се занимава со тоа. Отидов на тезга, се појави газдата и праша колку да ми даде, колку чинам. Јас мислев дека ме прашува за тезгата, а тој ми вели: „Не, колку чиниш по тезгата“. Затоа јас изгубив толку тезги во животот.Порано се криеше,ама секогаш знаевме кој го прави тоа.Што им вредат тие валкани пари ?, рекла пејачката и додала дека не верува оти внукот на Ера Ојданиќ имал врска со проституција, иако поради тоа е во притвор.
– Не му се јавив на Ера, верувам дека неговиот внук не е виновен. Колку што знам, тој е добро момче, не направи ништо страшно.
Гоца зборуваше и за многу тешки моменти во животот, меѓу кои и за периодот кога сопругот Зоран Шијан ја остави поради друга жена, а кој најмногу и помогна во тој период.
– Саша Поповиќ буквално ме спаси, цел живот сум негов должник. Не дај боже да му треба нешто на оваа земјина топка, сто години да го немам слушнато, знае дека ќе дојдам да го лулам, да го носам, се додека имам сила. Тој ме третираше како сестра кога бев психички убиена, скршена, сакав да се убијам. Секој ден ми се јавуваше, иако тогаш не беше оженет. Секој ден морав да одам кај него на ручек за да се здебелам затоа што бев како костур. Тогаш му работеше една Ана, готвеше, а јас не смеев да го прескокнам ручекот, изјави Гоца за „Свет“.