недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Медиумите го споија Петар Грашо со атрактивна Словенка: Заедничка фотографија од Скопје ги подгреаја шпекулациите за нова љубов

Медиумите го споија Петар Грашо со атрактивна Словенка: Заедничка фотографија од Скопје ги подгреаја шпекулациите за нова љубов

Словенските медиуми пишуваат дека Петар Грашо е во врска со Соња Ерчуљ со која веќе со години има професионална соработка. На ваквите гласини се огласи пејачот, но и таа.

По веста за раскинување на 24 годишната врска меѓу хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, медиумите будно ги следат случувањата со нив.

Па така, медиумите пишуваат дека наводно Грашо се заљубил во Словенката Соња која води маркетинг во една винарија. Тие заедно позизирале на работен ручек во Скопје во 2019 година каде присуствувале на отворање на македонска винарија.

Фотографијата која се уште е на Фејсбук профилот на Соња ги подгреа ваквите шпекулации. Во меѓувреме тие почнале и да соработуваат. Медиумите пишуваат дека Соња и Грашо биле видени во близина на нејзиното место на живеење каде веќе извесно време чаршијата зборува дека ги спојува нешто повеќе од бизнис.

-Вистина е дека соработуваме, но приватно не сме поврзани, изјавила Соња за Журнал24.

Ваквите гласини ги коментирал и пејачот преку неговата ПР служба.

-Споменатите наводи се апсолутна невистина, е кусиот коментар на ПР службата на Грашо.

Најнови вести