вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган Фокс имала само 15 години кога била жртва на режисер: Раскажала страшни детали во емисија, а сите ѝ се смееле

Меган Фокс имала само 15 години кога била жртва на режисер: Раскажала страшни детали во емисија, а сите ѝ се смееле

Меган Фокс во емисија пред 11 години дала интервју кое овие денови повторно стана актуелно на интернет, среде борбата за човекови права.

Меган во интервјуто проговорила за сексуалното вознемирување кое го доживеала на само 15 години на снимање на филмот на Мајкл Беј, но реакцијата на публиката и водителот ги зачудила гледачите ширум светот.

„Само што наполнив 15 години, глумев споредна улога во филмот ‘Лоши момци’. Снимаа сцена во клубот и ме донесоа, а јас носев бикини, црвен каубојски шешир и потпетици. Беј го одобри тоа, а тие го предупредија дека сум малолетна и дека не можам да пијам алкохол. Неговото решение на тоа беше да танцувам под водопад, за бикинито да ми се намокри“, признала тогаш, но не наишла на симпатии од публиката.

„Тогаш бев 8-мо одделение. Ете како размислува умот на Мајкл Беј“, додала Меган, а публиката почнала да се смее.

„Па така размислуваме сите, само некои од нас знаат како да ги потиснат тие мисли“, одговорил водителот, а и понатаму се зборува за тоа колку интервјуто било несоодветно.

Најнови вести