Меган Фокс по разводот од Брајан Остин Грин потврди дека е во врска со младиот рапер Машин Ган Кели.
Меган на својот „Инстаграм“ ја објави и првата заедничка фотографија со новото момче.
„Дечкото е толку убав што боли. Моето срце е твое“, напиша таа во описот на црно – белата фотографија.
Не требаше да помине време за да нејзиниот поранешен сопруг индректно реагира на оваа објава.
Тој на социјалните мрежи објави неколку фотографии од синовите кои ги доби во брак со Меган Фокс, како и од синот кој го доби од првиот брак.
„Дечки, толку сте убави што боли. Моето срце е ваше“, напиша тој во описот.