четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган и Хари конечно ја покажаа малата Лилибет, а светот остана воодушевен: Таа е едноставно неодолива! (ФОТО)

Меган и Хари конечно ја покажаа малата Лилибет, а светот остана воодушевен: Таа е едноставно неодолива! (ФОТО)

Меган Маркл и принцот Хари конечно ја покажаа својата наследничка, малата Лилибет.

Среќното семејство се фотографирало за божиќната честитка на која покрај малата Лилибет е и нејзиниот постар брат Арчи.

– Оваа 2021 година ја пречекавме ќерката Лилибет. Арчи нè направи мама и тато, а Лили ни направи семејство – изјавиле Меган и Хари.

Фотографијата ја направиЛ познатиот фотограф Алекси Лубомирски, во домот на Меган и Хари во Калифорнија.

„Таа е неодолива“, „Таа е толку слатка“, „Ангелче, прекрасна е“, „Убаво семејство“, се само дел од бројните коментари на воодушевените луѓе.

Да потсетиме, Меган ја роди Лилибет на 4 јуни 2021 година, а Арчи на 6 мај 2019 година. Целосното име на наследникот е Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор.

Најнови вести