четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган и Хари не сакаат повеќе деца- еве колку се наградени за тоа

Меган и Хари не сакаат повеќе деца- еве колку се наградени за тоа

Британската добротворна организација која се залага за промовирање на помали семејства за да помогне да се спаси околината, им додели награда на принцот Хари и на Меган Меркл поради нивната одлука да имаат само две деца.

Популарниот „Matters“ ќе ја награди двојката која минатиот месец го доби второто дете, со 659 американски долари за нивната „просветлена одлука“ да имаат мало семејство и да служат како пример за другите, пренесуваат британските медиуми.

-Основањето на помали семејства го намалува нашето влијание на Земјата и дава поголема шанса на сите наши деца, на нивните деца и на идните генерации да процветаат на здрава планета, стои во изјавата од добротворната организација и се додава:

„Испраќаме пофалби за војводата и војвотката што ја донеле оваа просветлена одлука и што потврдуваат дека и помнало семејство е среќно семејство“

Хари и Меган во интервју за Вог во 2019 гдоина рекоа дека планираат најмногу две деца за да придонесат за намалување на влијанието на околината.

Минатиот месец тие го добија своето второ дете, ќерката Лилибет Диана. Нивното прво дете, синот Арчи е роден во 2019 година.

Најнови вести