Пред да стане член на кралското семејство и војвотка од Сасекс, Меган Маркл беше актерка. Сега таа откри дека размислува за тоа која колешка би можела да ја глуми во идните филмски или ТВ портрети на кралското семејство.
-Сето тоа е чудно, рече таа за приказната што осамна на насловната страница на Variety.
-Треба да ги разделите тие работи. Секој што зборува за мене или ќе избере актер да ме игра, ќе биде моја карикатура која е создадена за работа која на луѓето им носи многу пари.
„Откако ќе го разделите тоа, многу е полесно да се каже: „Во ред. Тоа навистина нема никаква врска со мене“, рече таа и продолжи: „Навистина нема. Тоа е тешка лекција за да се прифати“.
Маркл во раните 2000-ти добиваше мали улоги на телевизија и во филмови, но конечно доби голема улога во американската серија „Suits“ на почетокот на 2011. Кон крајот на 2017 година се сврши со принцот Хари и го напушти актерството.
Нејзиното бурно искуство во светот на кралското семејство, резултираше со тоа што таа и Хари станаа независни од семејството на почетокот на 2020 година, што е одлично за адаптација на големиот екран. Маркл само се надева дека кој и да ја прифати нејзината улога ќе ги види сите аспекти.
-Се надевам дека ќе најде мекост, разиграност и смеа во подготовките за улогата, изјави таа за Variety.
Во моментов, Маркл и принцот Хари имаат договори со Нетфликс и Спотифај.