четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган Маркл за прв пат проговори за кралицата по нејзината смрт: Многу сум среќна

Меган Маркл за прв пат проговори за кралицата по нејзината смрт: Многу сум среќна

Еден месец по смртта на кралицата Елизабета Втора, Меган Маркл размислувала за „посебното време“ што го поминала со монархот, пренесува „Еонлајн“.

Во интервју за магазинот „Variety“, Меган за прв пат по смртта на кралицата јавно проговори за кралицата и за тоа како таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, тагуваат по нејзината смрт.

Војвотката од Сасекс беше покрај Хари на погребот на кралицата, а во интервју за магазинот изјави дека за тоа е потребна голема љубов и поддршка.

– Навистина сум благодарна што можев да бидам со мојот сопруг за да го поддржам, особено во овој период – рекла Меган.

– Она што е толку убаво е кога ќе го погледнете наследството што баба му можеше да го остави на многу полиња – продолжи таа.

– Секако, во однос на женското лидерство, таа е најдобар пример за тоа како изгледа. Се чувствувам длабоко благодарна што успеав да поминувам време со неа и да ја запознаам – додала Меган.

Иако вели дека поминало комплицирано време од смртта на кралицата, Меган забележува дека Хари е оптимист и сподели како баба му сега се спојува со нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, кој почина во април 2021 година.

Најнови вести