вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган одбива да трпи понижувања: Роденденот на Арчи НЕ е причина да не дојде на крунисувањето – еве што велат експертите

Меган одбива да трпи понижувања: Роденденот на Арчи НЕ е причина да не дојде на крунисувањето – еве што велат експертите

Долго се чекаше одговорот на Меган Маркл и принцот Хари дали ќе присуствуваат на историскиот настан на крунисувањето на кралот Чарлс, а дури неодамна беше потврдено дека Хари ќе дојде на крунисувањето на својот татко без неговата сопруга.

Иако на кралското семејство им олеснало кога сфатиле дека нема да мора да ја трпат омразената снаа, британските медиуми брзо ги објавија можните причини за ваквата одлука. Официјално оправдување е роденденот на нејзиниот и синот на Хари – Арчи, кој на денот на крунисувањето на дедо му ќе наполни четири години, но некои сметаат дека тоа послужило само за изговор пред очите на јавноста, а вистинската причина е повреденото его на Меган.

-Вистина е дека војвотката никогаш немала намера да присуствува на крунисувањето. Чувствуваше дека е ставена во невозможна положба и ова решение и донесе олеснување. Таа присуствуваше на погребот на кралицата Елизабета од почит кон нејзиното величество, но нејзиното присуство во почетокот на новото владеење е друга работа, коментира кралскиот биограф Омид Скоби.

„Мирор“ ги пренесува и зборовите на експерт за кралското семејство, кој тврди дека забраната за појавување на балконот на Бакингемската палата со останатите членови на семејството е повеќе од она што може да го поднесе нејзиното его.

-Колку и да звучи чудно, Меган можеше да присуствува на крунисувањето без оглед на роденденот на Арчи, бидејќи парот има цел тим кој им помага, но таа го искористи тоа како изговор затоа што не сакаше да го помине океанот само за да биде исмејувана од кралското семејство и од британската јавност, рече Ингрид Суард, уредничка на списанието Majesty и кралски биограф.

„Зошто да се замарате? За девојка која прави голем проблем на која маса ќе седне во ресторан, би било голема навреда доколку нема едно од горните седишта на крунисувањето“, додала таа.

Бидејќи Хари и Меган повеќе не се официјално членови на кралското семејство, тие немаат право да бидат на балкон, а како што тврди Ингрид, Меган тоа би го сметала за понижување.

 

Најнови вести