Меган Маркл открива се повеќе детали за проблемите во животот, ѝкажале колку е луда и хистерична!
„Кренете рака ако ви кажале дека сте луда или хистерична! Дали некогаш ви било кажано дека сте луди, дека сте без памет, дека сте целосно ирационални? Тие ми го кажаа тоа“, призна Меган Маркл во нејзиниот нов подкаст.
-Ваквиот омаловажувачки однос кон нечии емоции и ментално здравје има негативно влијание, потсетува сопругата на принцот Хари.
„Кога некому го повторувате тоа, тој ќе биде принуден да се запраша дали навистина му оди добро“, вели Меган.
Уште полошо, човек почнува да ги игнорира вистинските проблеми.
Според нејзиното мислење, зборот „луд“ е само етикета што се употребува лесно, а лошо влијае на општеството и жените ширум светот.
„Жените кои имаат проблеми со менталното здравје почнуваат да се плашат, да ги потиснуваат своите чувства и да ги обработуваат само во себе“, објасни таа.
Меган ги изненади сите со признавањето дека ѝе тешко да плаче, бидејќи е научена да се воздржува, а навистина сака да ги ослободи емоциите. Многумина забележале дека е многу тажна на погребот на кралицата Елизабета и дека во еден момент пуштила солза.
Однесувањето на принцот Хари покажа дека не ѝ било лесно.
„Во секој момент се обидуваше да направи барем некаков гест за да ја поддржи“, опиша еден од присутните на церемонијата пред погребот.
Кога во еден момент требаше да тргнат по својот пат по церемонијата, тој цврсто ја држеше за рака.