петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Мегапопуларниот пејач прошета по Страдун зад Џеф Безос, но малкумина го забележаа

Мегапопуларниот пејач прошета по Страдун зад Џеф Безос, но малкумина го забележаа

И додека сите погледи на Страдун беа вперени во Џеф Безос, Лорен Санчез, Кети Пери и Орландо Блум, една светска ѕвезда која чекореше зад нив успеа да „падне“ во втор план.

Станува збор за Ашер, кој исто така пристигна во Хрватска со јахтата на Безос вредна 500 милиони долари. Ашер уживаше во погледот на Дубровник и ги фотографираше и снимаше историските знаменитости. На неколку фотографии, се гледа пејачот во опуштена варијанта, во кошула со шарен дезен и бели панталони.

Се чини дека деновиве во Дубровник има толку многу ѕвезди, поради што дури Ашер за момент остана незабележан.

Џеф Безос пред Хрватска бил во Грција и Италија, а неговата суперјахта Кору, вредна 500 милиони долари моментално се наоѓа во близина на Дубровник. Пред неколку дена со него на јахтата беше и актерката Деми Мур. Не е познато дали и таа пристигнала во Хрватска.

Двете ненаселени островчиња во близина на кои моментално е закотвен Безос, во 2016 година беа на продажба.

25 милиони долари годишно за одржување

Јахтата што годинава ја презеде Безос е долга 127 метри, а има и потпорен брод долг 76 метри, на кој има и хелиодром. Може да прими 18 гости и екипаж до 40 луѓе. Вреди половина милијарда долари, а за годишно одржување на овој луксузен брод Безос ќе треба да издвои околу 25 милиони долари.

Најнови вести