Откако викендов поранешната водителка Мелита, сподели кратко видео од одморот на Санторини, на кој светна прстен и сите помислија дека се вери, денес се огласи и самата таа .
Имено на „Инстаграм“ Мелита ја демантираше ваквата вест.
Таа вчера сподели видео на кое се гледа дека се држи за рака со маж, кој таа сакаше да остане во тајност и покажа прстен, а денес се огласи со демант дека написите за свршувачката се лудост.
Категорично напиша „не“, а дополни и со еден емотикон кој „плаче од смеа“ и напиша дека тоа е лудост.