Поп-менаџерот Сабит Саша Дервишевиќ, со покојниот Шабан Шаулиќ работеше до неговиот последен ден, а во текот на нивната повеќедецениска кариера заедно постигнаа вртоглави успеси.
-Со Шабан соработуваме од седумдесетите, но најинтензивно почнавме да соработуваме за време на војната и јас му бев менаџер до последниот ден, се гордее Саша на долгогодишната соработка со музичката легенда.
Тој во интервју за медиумите призна какви коментари сега слуша на терен кога договара настапи за некои други пејачи и колкава празнина чувствува во работата откако Шабан го нема.
-Да бидам искрен, многу газди знаат да се отворат и да кажат колку Шабан и донесе на публиката. Знаат да го кажат тоа порано додека беше жив Шабан, кога ќе паднат во долгови и кога ќе имаат минус, само да го повикаат Шабан да им пее, па тој така добро работеше што беше доволно заработка да ги покријат сите тие долгови. Секогаш работевме добро, Шабан си ја вршеше работата и каде и да пееше имаше многу, откри Дервишевиќ.