сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мерилин Монро денеска ќе наполнеше 96 години: Таа продолжува да инспирира и интригира

Мерилин Монро денеска ќе наполнеше 96 години: Таа продолжува да инспирира и интригира

Жената која беше симбол на женственост и стил во 1950-тите, денес продолжува да живее низ модата, филмовите, фотографиите, книгите…

Мерилин Монро беше една од најголемите филмски ѕвезди во златното доба на Холивуд. Таа е родена на денешен ден пред 96 години, а нејзината смрт под чудни околности на 5 август 1962 година одекна во светот.

Мерилин – име кое прилега на толку многу убавина, тага, живот, афера и љубов, пред речиси 60 години резервира карта за вечноста и со тоа стана легенда за која ќе се зборува со генерации.

Детството и тинејџерските денови ги поминала претежно во сиропиталишта и кај роднините, бидејќи татко и ја оставил, а мајка и релативно брзо по породувањето била испратена во болница за ментално болни.

Сепак, и покрај сите животни несреќи, падови и емотивни бродоломи, Мерилин успеа да се издигне од ситуацијата и да стане светска ѕвезда.

Нејзините почетоци се карактеризираа со споредни филмски улоги, но сепак брзо напредувала. Пролетта 1945 година станала позната како сон на сите фоторепортери, а таа година се појавила дури 33 пати на насловните страници на престижните списанија.

Жена пред своето време
Жената од 1950-тите едноставно немаше доволно сила и моќ да ги диктира сопствените услови. Затоа Мерилин на крајот ќе ги прогласи феминистките за икони.

На неа најпрво се гледаше како учебнички пример за неопходноста од борба против сексуалната експлоатација и објективизација на жените, а потоа стана препознаена како некој што се грижи за себе и за жената која отиде пред своето време.

Таа остави женски цитати кое времето не ги „прегазило“:

– Не ми пречи да живеам во машки свет, се додека можам да бидам жена во него.

Таа исто така зборуваше:

– Ако не можеш да ме поднесеш кога сум најлоша, сигурно не ме заслужуваш ни кога сум најдобра.

– Убавината е во несовршеноста. Лудилото е генијално и подобро е да бидеш апсолутно смешен отколку апсолутно досаден.

Денес, нејзиниот лик е симбол на моќната женственост, незаменлив дел од поп културата. Портретот на познатата русокоса, дело на американскиот поп-арт уметник Енди Ворхол, продаден е за 195 милиони долари, што е највисоката цена што едно уметничко дело од 20 век ја достигнала на аукција. Репликите на делото се дел од амбиентот на многу приватни и јавни ентериери, кои му даваат посебен шмек на доминантниот поглед на уникатната Мерилин.

Најнови вести