сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Метју Пери конечно проговори: Имав 2 отсто шанси да преживеам

Метју Пери конечно проговори: Имав 2 отсто шанси да преживеам

Актерот Метју Пери со години се бореше со пороците, а неодамна призна дека неговата битка со зависноста од алкохол и дрога во еден момент станала толку тешка што „речиси умрел“.

На 49-годишна возраст тој бил во многу тешка состојба кога му пукнало дебелото црево поради прекумерна употреба на наркотици.

Актерот кој сите го знаат по улогата на легендарниот Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“ сега призна дека поминал две недели во кома, а вкупно пет месеци во болница, како и дека девет месеци по операцијата морал да користи стома.

-Лекарите му рекоа на моето семејство дека имам 2 отсто шанси за преживување. Ме ставија на уред наречен ECMO машина, кој дише наместо вашите бели дробови. Никој не го преживува тоа, изјави актерот за Пипл.

Пери реши искрено да зборува за тоа како зависностите од дрога и алкохол му го уништиле животот во неговите мемоари Пријатели, љубовници и големата страшна работа, кои ќе бидат објавени на 1 ноември.

-Сега сум прилично здрав. Веќе не ми е дозволено да одам во теретана бидејќи не сакам само да играм суперхерој. Но, јас сум прилично здраво момче во моментов, рече Пери, кој не откри колку долго е трезен, но рече „секој ден се брои“.

Додаде дека 14-те лузни на стомакот му служат како потсетник никогаш повеќе да не се дрогира.

Најнови вести