Во доцните вечерни часови на 28 октомври, по калифорниско време, Холивуд најде тажна вест – почина Метју Пери, Чендлер од една од најпопуларните серии на сите времиња. Познатите „Пријатели“ го загубија својот најдуховит член.
Актерот кој имаше само 54 години замина на бизарен начин – беше пронајден во џакузи од базенот во неговиот дом во Пацифик Палисадес, елитна станбена област во Лос Анџелес. Според првите информации, безживотното тело го пронашол асистентот, а неофицијална причина за смртта е давење поради срцев удар.
Не е тајна дека Метју Пери имал многу проблеми со пороците. Чендлер Бинг беше еден од омилените ликови, секогаш подготвен за шега и духовита забелешка.
Токму во овој проект тој заработи вистинско богатство кое се проценува на околу 90 милиони долари. Поради огромната популарност на серијата, во текот на седмата и осмата сезона добивал 800.000 долари по епизода, а во деветтата и десеттата по 1 милион долари.
Освен со глума, тој се занимавал и со недвижнини, а во последните неколку години продал четири имоти од кои ниту една не вредела помалку од десет милиони долари.
Познато е дека Метју не бил оженет и немал деца за наследници, па неговиот имот ќе го наследат неговите родители Џон Бенет Пери и Сузан Ленгфорд.
Во канџите на наркотиците паднал во 1997 година, кога по тешката повреда на скијање станал зависен од лекови против болки. Кога не се користат правилно, особено ако се претера, може да станат зависни, што за жал му се случило.
Подоцна признал дека потрошил цело богатство обидувајќи се да се ослободи од викодин, метадон, амфетамини, алкохол. Тој воопшто не се ни сеќаваше дека работел на неколку сезони од шоуто. Три години од неговиот живот беа целосно избришани од сеќавањето.
Се обидел да се ослободи од пороците, отишол на рехабилитација, потрошил, според сопственото признание, девет милиони долари, но последиците останале.
-Очајно сакав да бидам славен. Сакате внимание, пари, најдобро место во ресторанот. Но, не мислев дека ќе има последици, изјави тој во едно интервју и додаде дека подоцна сфатил дека всушност сака се’ освен славата и другите работи кои ги наброја.
Минатата година објави книга во која детално опиша се’.
Во една прилика, актерот се осврна на незгодното прашање за смртта.
„Кога ќе умрам, знам дека ќе се зборува само за „Пријатели“. И јас сум среќен поради тоа, среќен сум што завршив добра работа како актер, но кога ќе умрам, би сакал повеќе да се пишува за тоа колку им помагав на другите“, изјави Метју пред неколку години.