среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Ми дадоа отказ кога дознаа дека имам рак“: Водителот кој ја губи битката со тешката болест во неверување од тоа што му го направиле во телевизијата! (ФОТО)

„Ми дадоа отказ кога дознаа дека имам рак“: Водителот кој ја губи битката со тешката болест во неверување од тоа што му го направиле во телевизијата! (ФОТО)

Телевизискиот водител Џони Ирвин ги обвинил продуцентите на емисијата „A Place in the Sun“ дека му дале отказ откако им кажал дека боледува од рак во терминална фаза.

Ирвин за „The Sun“ рекол дека „Freeform Productions“ „го исплатил за остатокот од сезоната и не го обновил неговиот договор“ што било „навистина низок удар“. Претходно овој месец, водителот открил дека ракот на белите дробови му се проширил на мозокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

Тој беше водител на емисијата „A Place in the Sun“ од 2004 година, а од 2010 година се појавува во емисијата „Escape to the Country“ на „BBC One“. Ракот му бил дијагностициран во 2020 година, а докторите му прогнозирале 6 месеци живот, но тој својата дијагноза ја објави дури неодамна.

„Можев да работам на емисијата „Escape to the Country“ и да патувам на неколку дена. Кога ми кажаа дека не можам, срцето ми беше скршено. Тоа што повеќе не работам на емисијата влијаеше на моето ментално здравје. Сега сум семеен човек, но сакам да бидам водител, да патувам и да заработувам за моето семејство. Не мислеа на мене“, изјавил Ирвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

„По две недели, нова личност ја презеде емисијата. Мислам дека по 18 години заслужив малку повеќе почит. Тоа сепак беше мојата прва телевизиска работа“, додал водителот.

„Freeform Productions“ и „Channel 4“, на кои се прикажува емисијата, велат дека „ниту еден камен не останал непревртен“ во потрага по начин за тој да остане, но не можеле да добијат осигурување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

„Иако не можевме да продолжиме да снимаме со него во странство, драго нѝ е што можеше да остане како дел од нашиот тим во Обединетото Кралство. Ние, секако, разбираме колку тоа е фрустрирачки за него во овој неверојатно тежок момент“, се вели во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

Најнови вести