Откако се најде во центарот на скандалот со нејзиното момче кое упати низа обвинувања против Александра Младеновиќ, пејачката во придружба на патрола отишла во полициска станица и дала изјава.
– Тој објави фотографии и видеа на Инстаграм. Не планирав да се занимавам со вакви работи, планирав само да излезе од мојот живот, но очигледно тоа не беше возможно, започна пејачката, а потоа продолжи:
„Бевме заедно два месеци. Инаку не давам информации за мојот приватен живот, искрено ми се гади, после ова нема да давам никакви изјави! Три дена ми се закануваше со самоубиство, ми се јавуваше на видео каде ми покажуваше како планира да се убие. Првиот пат кога реагирав бурно, отидов да го барам кај кумата. Го најдовме и пиеше апчиња, имаше пиштол со себе, сакаше да си пука во глава. Денеска повторно разговарав со него, го замолив да се смири, му реков дека се ќе биде во ред. Дури и доктор му најдов. Денеска по трет пат сакаше да се обеси, и се јавив на мајка му. Тој спиеше пред мојата зграда во автомобилот, рече Александра.
Пејачката се плаши за својата безбедност.
-Се чувствувам лошо, тој е многу психички нестабилен. Сега се плашам за мојата безбедност. Не знам што е способен да направи во лутина, заклучи Александра Младеновиќ.