Хрватската полиција втор ден трага по 38-годишната Маријана Зајферт, некогашна победничка во реалното шоу „Големиот брат“.
Една од нејзините пријателки утрово за „Јутарњи“ рекла дела не може да поверува дека само така би ги оставила децата.
-До 2018 година интензивно се дружевме, а кога заминав од Хрватска останавме во контакт. Маријана живееше за ќерка си, таа и беше главна преокупација по сè низ што тогаш поминуваше. Не го запознав нејзиното второ дете и сопругот, а последен пат се слушнав со неа пред неколку месеци за нејзиниот роденден. Ми звучеше тажно, се прашуваше каква иднина ги очекува нејзините деца, ја повикав да ме посети, ми рече дека не е време. Си реков поради ситуацијата со короната. Не ми зборуваше за бракот и дали има проблеми во него, туку само дека се е во ред и дека ѝ оди добро, дека е во ред со здравјето. Се надевам само дека што поскоро ќе се врати дома бидејќи ниту еден проблем не е нерешлив, изјави таа.