среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мик Џегер ја запроси 44 години помладата девојка, рокерот по трет пат застанува на лудиот камен

Мик Џегер ја запроси 44 години помладата девојка, рокерот по трет пат застанува на лудиот камен

Мик Џегер (79) и неговата 44 години помлада девојка Мелани Хемрик наскоро ќе стапнат на лудиот камен, ова ќе биде трет брак за фронтменот на групата Ролинг Стоунс.

Иако досега само се шпекулираше дека Мик ја запросил Мелани, нејзините пријатели ги потврдија наводите и открија дека наскоро ќе има свадба.

– Засега Мик и Мелани не планирале кога ќе биде венчавката и како ќе изгледа, но многу и значи тоа што Мик и подари веренички прстен – изјавиле пријателите на атрактивната балерина.

Мелани и Мик Џегер се запознале во 2014 година во Токио, на денот кога „Стоунс“ имале концерт. Тие добија син во декември 2016 година, што е осмо дете на рокерот бидејќи има уште седум со пет различни жени. Тој е и дедо и прадедо, има пет внуци и една правнука.

Славниот Џегер веќе и купил куќа на Мелани во Њујорк и и дава 15.000 долари месечно за издржување на синот, а двајцата се во „отворена врска“, како што претходно објавија медиумите.

Најнови вести