недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мили новата 2022 година ја дочека во болница: Еве како се чувствува по операцијата

Мили новата 2022 година ја дочека во болница: Еве како се чувствува по операцијата

Фронтменот на групата „Милиграм“, Александар Милиќ Мили, Новата 2022 година ја дочека во болница во Турција.

Иако имал планови да отпатува во потоплите краишта, Мили завршил во болница каде што го оперирал желудникот, а како што вели не жали ни малку бидејќи го решил проблемот со кој се мачи подолго време.

-Тоа е проблем кој го добив од спорт и долго време ме мачеше. Отидов на доктор, но на лекарите им беше сомнително и веднаш ми закажаа операција. Среќен сум што завршив со тоа и се чувствувам многу подобро, изјави Мили за домашните медиуми.

Поради постоперативниот зафат не можел да ужива во празничната трпеза што резултатирало со губење на килогрми, но продуцентот се надева дека наскоро ќе се врати во форма.

Најнови вести