Српката пејачка Милица Тодоровиќ по завршените нови проекти замина во пријателките на одмор во Египет. По враќањето вели дека си поминала одлично, а открива дали Египќаните и фрлиле око.
-Никој не ми се додворуваше, само ми дофрлуваа на плажа. Многу се откачени и харизматични. Слушнаа дека сум пејачка, па секој ден беше лудница. Им пеев по цел ден, вели Милица.
На Тодоровиќ ова и е трет пат да одмора во Египет, а некогаш за неа жителите на оваа земја нуделе и камили.
-Оваа година не. Прв пат бев пред десет години со тогашното момче. Се сеќавам дека му нудеа 12 камили за мене, беа во шок. Ние прв пат се сретнавме со тоа, а кај нив е тоа нормално, открива пејачката.