Милијардерот Руперт Мардок (91) ја оставил Џери Хол преку мејл, следува развод меѓу парот, а неговиот имот тежи 16 милијарди евра.
Славната манекенка Џери Хол (66), преку електронска пошта добила известување дека Мардок ја напушта. Парот беше во брак од 2016 година.
Џери престојувала во Велика Британија и го чекала Мардок да и се придружи, но наместо тоа добила мејл со кој ја информира дека ги поднел документите за развод, а во иднина ќе може да комуницираат само преку адвокат.
Таа останала во шок, а за разделувањето ги обвинила неговите деца. Мардок чие богатство се проценува на 16 милијарди евра, наводно се одалечил од неа од почеток на корона пандемијата.
Поради возраста, таа во обид да го зачува од вирусот му ги ограничила контактите со семејството и пријателите. Но, неговото семејство тоа го сфатиле како нејзин обид да го одачели од нив.