Поранешната учесничка во „Задруга“ Миљана Кулиќ денеска итно била префрлена од Ниш во Ургентниот центар во Белград, каде била во шок соба и била приклучена на кислород.
Како што сега дознаваат српските медиуми, Миљана пред половина час се разбудила и веднаш побарала од медицинските сестри да и донесат цигари.
-Миљана штом се разбуди почна на цел глас да вика: „Дајте ми цигари“, но секако не доби, изјавил изворот.
Кулиќ последните денови ја води најтешката битка во животот. Агонијата започна по операцијата за намалување на желудникот која ја направи во Турција.
Потоа состојбата се искомплицира и мораше докторите да и ја отстранат слезината.
-Компликации и влошување на здравствената состојба на најконтроверзната задругарка се случија по лошо извршената операција на желудникот во Турција, кога лекарите и ја оштетија слезината при редукција на желудникот. Силните болки кои ги претрпела биле последица на пукањето на слезината, а операцијата траела со часови. Поради сето ова семејството на Кулиќ се надеваат на најдоброто, но решиле да ја тужат клиниката во Турција, пред се од морални причини, сега не размислуваат за наплата на отштета бидејќи се очајни, открива извор за Реалити плус.