Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер и неговата сопруга Мирка Федерер, со група пријатели уживаат на Мајорка, додека папарацо фотографите успеале да ги фотографираат додека се во видно расположение.
Мирка како и секогаш имала многу самодоверба, а како и да нема кога линијата на тело ја довела до совршенство.
Многумина се согласиле дека таа никогаш подобро не изгледала и дека очигледно многу вредно работела на својата линија на тело.
Поранешната тенисерка и сопруга на Рожер Федерер ја бие глас дека не се оптоварува со својот изглед и дека е жена без комплекси, што и во повеќе наврати го докажала тоа. Имено, неа никогаш не ѝ било проблем на плажа да се појави и со вишок килограми, каде без оглед на тоа изгледа беспрекорно.
Тајната сепак е во нејзината самодоверба која ја прави во секоја ситуација да изгледа божествено.
Познато е дека Мирка ретко дава интервјуа, а и кога ги дава таа никогаш не зборува за себе. Поради тоа не се знае со која диета успеала да го намали вишокот килограми, но се претпоставува дека здравиот, спортски живот со урамнотежена исхрана, редовните тренинзи и живот без стрес го направиле тоа таа денес да изгледа феноменално.