сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мишел Обама објави фотографија од Јадранот и собра милион и пол „лајкови“ (ФОТО)

Мишел Обама објави фотографија од Јадранот и собра милион и пол „лајкови“ (ФОТО)

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, на својот Инстаграм-профил објави фотографија снимена во Венеција од едно патување на кое била со ќерките Саша и Малија.

Во пресрет на Денот на мајките, Мишел посветила емотивен пост за својата мајка и ќерките и напишала колку е среќна што со своите девојчиња го обиколила речиси целиот свет.

Фотографијата на поранешната прва дама со ќерките доби повеќе од милион и пол „лајкови“, што сведочи дека популарноста на сопругата на Барак Обама не е опадната ни две години откако ја напуштија Белата куќа.

Најнови вести