вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мистерија која трае 25 години: Зошто никој не го видел гробот на принцезата Дијана?

Мистерија која трае 25 години: Зошто никој не го видел гробот на принцезата Дијана?

Интригите поврзани со смрта на Принцезата Дијана не престануваат ниту 25 години по нејзината трагична смрт во сообраќајна несреќа.

Мајката на принцовите Вилијам и Хари, Принцезата Дијана е погребана во гроб кој се уште никој не го видел.

Телевизискиот пренос од погребот на принцезата од Велс беше единствениот настан кој ја надмина гледаност на нејзината и свадбата на Принцот Чарлс.

Две и пол милијарди луѓе ширум светот го гледаа и ја оплакуваа Дијана.

Првично, планот бил принцезата Дијана да биде погребана во гробницата на семејството Спенсер во црквата во Грејт Брингтон. Но, помладиот брат на принцезата Дијана, Ерл Чарлс Спенсер, реши да го промени тој план.

Братот на тогаш популарната леди Ди сакал нејзините деца принцот Вилијам и принцот Хари да можат да го посетат гробот на на својата мајка Дијана кога и да посакаат без да се грижат за приватноста.

Областа каде што е погребана принцезата е покрај езерцето познато како Овал, кое се наоѓа во паркот Алторп.

-Принцезата Дијана беше погребана во црн волнен коктел фустан со долги ракави. Фустанот го купила само неколку недели пред нејзината смрт, пишува „Parade“.

Таа е погребана во рацете држејќи бројаница која и ја подари Мајка Тереза.

„Althorp House“, која се наоѓа на час и половина од Лондон, може да се посети во текот на летото. Гостите не можат да го посетат гробот, но можат да остават пораки и подароци на споменикот изграден спроти гробот на Дијана.

Патот до езерото во чија близина е гробот на Принцезата е обележен со 36 дабови дрвја, секое дабово дрво претставува една година од животот на Дијана, пишува „Stori.hr“.

Во овие 25 години имало неколку обиди за грабеж на гробот, поради што семејството не дозволува никој да се приближи до последното почивалиште на принцезата, ниту пак да го фотографира.

Најнови вести