Жешката навивачка на Хрватска која стана и нивни заштитен знак на трибините Ивана Конол ја напушти Русија и ги растажи љубителите на фудбалот ширум целиот свет.
Хрватите се очајни откако нивната навивачка од трибините стана интернет сензација низ целиот свет.
Згодната Ивана се врати во родниот Сплит, но сите се надеваат дека во недела сепак ќе биде на трибините за да ги бодри коцкастите. Освен тоа фановите од целиот свет не можеа а да не ја бомбардираат убавата Ивана со сочни коментари за нејзините убави и долги нозе.
Натпреварот помеѓу Хрватска и Данска се игра во недела, а тие ќе се борат за пласман во четврт финалето на СП.
Хрватските медиуми потенцираат дека кога Ивана е на трибините- Хрватите не губат!