Секретарката за медиуми во Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс, смета дека книгата на Вулф е преполна со „лаги и погрешни приказни со поединци кои немаат ниту пристап, ниту влијание во Белата куќа“.
Претставниците на претседателот и првата дама на САД, Доналд и Меланија Трамп ги демантираат наводите изнесени во новата книга на Мајк Вулф, „Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп“, дека првата дама на САД не плачела од среќа во текот на изборната ноч, како и дека Трамп не очекувал дека ќе победи.
Секретарката за медиуми во Белата куќа, Сара Хакаби Сендерс, смета дека книгата на Вулф е преполна со „лаги и погрешни приказни со поединци кои немаат ниту пристап, ниту влијание во Белата куќа“, пренесува АП.
-Да имаш удел во книга која може да се опише како таблоидна фикција ги покажува нивните очајни обиди да бидат важни, додаде Сендерс.
Портпаролката на првата дама на САД, Стефани Гришам, кажа дека Меланија ја поддржала одлуката на својот сопруг да се кандидира за претседател на САД.
-Таа беше убедена дека ќе победи и беше многу среќна кога тоа се случи, изјави Гришам.
Трамп ја прекина соработката со својот поранешен главен стратег и близок со соработник од времето на претседателската кампања, Стив Бенон, откако крајно десничарскиот популист остро ги критикуваше синот и зетот на Трамп поради „предавничкиот“ состанок со Русите во книгата на Вулф.
-Стив Бенон нема ништо со мене, ниту со моето претседателство. Кога беше сменет, не само што ја изгуби работата, туку го изгуби и разумот. Стив не ја претставува мојата база, тој е тука само поради себе самиот, соопштил Трамп, пренесува Ројтерс.