петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Модна лекција: Дејвид Бекам и неговата ќерка „главни“ на модната недела во Париз

Модна лекција: Дејвид Бекам и неговата ќерка „главни“ на модната недела во Париз

Модно усогласените Дејвид Бекам и неговата ќерка Харпер Севен го привлекле вниманието со појавувањето на модната недела во Париз, каде отишле да ја поддржат Викторија Бекам на ревијата на нејзиниот бренд.

Дејвид Бекам и ќерката Харпер присуствувале на модната ревија на Викторија Бекам за време на модната недела во Париз, а дуото се појавило во соодветни тематски комбинации. Дејвид носел темно сив костум со вратоврска и кошула во слична нијанса, додавајќи пар црни кожни чизми и очила за сонце.

Харпер носела црно одело и бела маица, со соодветни црни панталони. Таткото и ќерката се држеле за рака од нивниот хотел и низ улиците на Париз.

На модната ревија биле и синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц. Гласините за семејни расправии ги следат младенците уште од нивната венчавка во април 2022 година, кога Пелц и Викторија, наводно, започнале некаква расправија околу нејзината венчаница. Невестата требало да облече фустан од ателјето на Викторија, но таа ѝ рекла дека нема да биде готов до церемонијата. Сепак, се чини дека оттогаш ги подобриле односите.

Викторија сподели слатка семејна фотографија од настанот на Инстаграм, заблагодарувајќи им се за поддршката.

„Не би можела да го направам ова без вас, многу ве сакам сите Харпер Севен, Дејвид Бекам, Круз Бекам, Бруклин Пелц Бекам, Никола Пелц Бекам“, напиша таа покрај фотографијата.

Најнови вести